Новиот министер за здравство во Кабинетот на Ципрас, Панајотис Куроблис е првиот грчки политичар со посебни потреби кој ќе седи во Владата.
Куроблис е поранешен член и пратеник на ПАСОК, а беше исклучен од партијата бидејќи во 2011 година тој беше единствениот „социјалист“ кој гласаше против мерките за штедење на Владата на Папандреу, за кои „за“ гласаа и пратениците од тогаш опозиционата Нова Демократија на Самарас.
На вчерашната церемонија на давање заклетва во претседателската палата, двајца помошници му асистираа да го потпише нејзиниот текст.