Ново Лисиче го кани светот – цел ден журка


22-ри септември (сабота) во новиот парк со авион „Аеродром“ се организира голем, целодневен хепенинг! „Ново Лисиче го кани светот“ се случува по трет пат и е отворен за сите генерации.

Станува збор за целодневна забавна програма која ќе стартува во 12:00 часот на пладне, ќе трае до 03:00 часот по полноќ, а музичкиот дел ќе се одвива на 3 различни сцени. Органзиатори се Општина Аеродром и здружението „Ново Лисиче“.
Манифестацијата ќе започне со спортски натпревари, за потоа да следи детска програма исполнета со многу игри,

награди, забава со пантомима и жонглирање, дружење со својот омилен лик-кучето Петко(5+), Зумба танц… Вечерта започнува со интерактивно учество во караоке шоу со Ненад и домашни естрадни ѕвезди, а потоа ќе следи големото музичко шоу на главната сцена каде ќе настапуваат ДЈ Славе, Фиц(Студени нозе), Сиги, Аце НЛ и Џоле(Токсикологија) и Ајс Нигрутин и Tимбе (Бед Копи). Ексклузивен MTV Adria ДЈ ќе ја затвори програмата на главната сцена, а забавата ќе продолжи со ГЕН и многу други на третата, афтер сцена.

Идејата да се организира ваква манифестација на отворено потекна од граѓаните на Аеродром, особено младите од населбата Ново Лисиче се со цел да се збогати културно-забавната програма во општината Аеродром и истата да прерасне во едно големо, традиционално дружење.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1