Градоначалникот на главниот град Трентон, на сојузната држава Њу Џерси, во неделата бил уапсен под обвинение за корупција, за наводно примање мито во текот на прикриената Стинг операција, соопштија властите.
Обвиненијата против градоначалникот Тони Мек, (46), неговиот брат, Ралпхиел Мек (39), бизнис соработникот Џозеф А “JoJo” Џорџани (63), произлегува од наводната шема за продажба на градското земјиште на инвеститорите, за значително помала од проценетата вредност.
Мек и неговиот брат, шеф на фудбалски клуб во Трентон, биле пуштени со кауција во висина од 150.000 долари. Им било наредено да ги предадат пасошите.
Во истрагата за наводна јавна корупција се откриени докази за заговор меѓу обвинетите кои биле вмешани во искористувањето на високите функции на градските власти, за корист на инвеститори, кои барале да се изгради катна гаража која би останала во сопственост на градот, во замена за готовински плаќања во вкупна вредност од околу 119.000 $”, Според тужбата поднесена во федералниот суд, тројцата кои беа обвинети за заговор за корумпирана трговија со изнудување, како и неколкуте вработени посредници, ” користеле кодови, зборови и ограничени дискусии преку телефон” за да се избегне нивната препознатливост, се вели во жалбата. На пример, Џорџани го користел терминот “Чичко Ремус” во разговорите со градоначалникот кога го бил исплатен во готово, изјави американскиот обвинител Пол Фишман.
Обвиненијата произлегоа по двегодишна истрага на ФБИ, која комбинираше со два доушници кои соработувале со ФБИ при спроведување на законот. Фишман изјави дека еден од соработниците носел апарат за снимање на разговорите, кои подоцна биле искористени од страна на Федералното Биро за Истражување.
На прес-конференцијата, Фишман истакна дека случајот на корупција бил откриен од страна на него и неговите соработници во канцеларијата на јавното обвинителство.
„Повторно се појавија времиња во кои можеме да забележиме како јавни службеници во Њу Џерси, се подготвени да ја продадат својата моќ и довербата на јавноста”, изјави Фишман.
Секое судење кое што е во непосредна врска со случајот Мек, најверојатно, ќе се случи во следната година“, дополни Фишман.
Од канцеларијата на Мек пак одбија да ги коментираат ваквите настани.
Владата го обвини Џорџани и осум други, за заговор за дистрибуција на високо зависен рецепт, пенкилер оксикодон.
Фишман изјави дека Џорџани го користел својот бизнис, Steakhouse на Jojo, како фронт за операција за создавање на дрога и чување на наркотици. Наводно дистрибуирал апчиња за трговците, а потоа ги обработувал и ги разменуал за лекови против болки.
Пред два месеци, агенти извршија рација во домовите на Мек, неговиот брат, и Џорџани.
Мек се произјасни, велејќи дека не ги прекршил јавната доверба на кој било начин, ниту пак ги прекршил неговите јавни давачки.
Демократот кој својот мадат го започна во јули 2010 година, постојано е на мета со прашањата од новинарите во врска со јавните финансии и обвинувања за пристрасност.
Минатиот мај, заменик-градоначалникот Пол Сигмунд IV, беше уапсен и обвинет поради поседување на хероин и напаѓање на полициски службеник, што доведе до негова брза оставка.