Атлантик Сити, местото каде Сенди “удари” во копното сега е сосема под вода. Локалните власти се обидуваат да евакуираат луѓе кои на своја рака останале во градот.
Њујорку е во темница. Без струја се три милиони Американаци. Ниските делови на Њујорк се под вода. Вол стрит полн со автомобили кои ,,пливаат,, низ улицата. Вода почнала да навлегува во метрото.
Досега има најмалку една жртва, дрво паднало на маж. Четворокатница се срушила во Њујорк. Нема повредени.
Вонредна состојба е прогласена во осум држави. На удар се Њу Џерси, Њујорк, Вашингтон и Бостон.
Во Њујорк се излеале двете реки на кои лежи градот, острвото Чинкотег крај Вирџинија потолно исчезнало во брановите. Метеоролозите велат во 20 часот, по локално време (2.00 по европско), ветрот ќе достигне брзина од 100 километари на час