Обама билда рејтинг на сметка на исламот, Америка знаела за нападот во Либија


Американските високи службеници велат дека чувствителни документи исчезнале од конзулатот во Бенгази.

Убиството на Американскиот амбасадор во Либија и останатите тројца членови од неговиот персонал е резултат на сериозно пробивање на безбедносните служби во САД.

Американските високи службеници велат дека чувствителни документи исчезнале од конзулатот во Бенгази. Во нив се верува дека биле испишани имињата на соработниците на милитанските групи со високи функционери на американската амбасада. Во некои пак биле испишани договори во врска со пумпаењто на нафтата.

Според сениорски дипломатски извори Американскиот Стејт Департмент ја имале информацијата за нападот 48 часа пред истиот да се случи, но не упатиле предупредување до дипломатското претставништво за висок ризик и евакуација на тамошниот персонал.

Од другата страна пак добро вооружените милитантски групи ги искористија протестите поради антиисламскиот филм како параван за нападот на конзулатот на САД во Бенгази, кој бил испланиран однапред и најверојатно имал помош од внатрешни либијски безбедносни структури на кои од претходно им била позната локацијата на американскиот амбасадор, навел заменик министерот за внатрешни работи на Либија, Ванис ел Шареф. Четирите лица се уапсени поради сомнение дека извеле или учествувале во нападот на американскиот конзулат во Бенгази, во кој беше убиен американскиот амбасадор на САД, Кристофер Стивенс и уште тројца службеници на амбасадата.

Двајцата убиени беа поранешни припадници на моранаричките Фоки. Тајрон Вудс и Глен Деорти работеле како припадници на обезбедувањето на конзулатот во Бенгази. Шареф изјави дека биле изведени два напади, еден на самата зграда на конзулатот и вториот во сигурната куќа во која подоцна се повлекол останатиот дел од персоналот.

Шареф додал дека е возможно одделни поединци во либиските безбедносни сили да им јавиле на напаѓачите за локацијата на сигурната куќа. Полицискиот портпарол изјавил дека четворица од осомничените се уапсени во своите домови и засега не може детално да се зборува за тоа дали припаѓаат на некоја група и кој бил мотивот за нападот. Номан Бенотман, претседател на антитерористичката организација Килијам фондацијата, со седиште во Лондон изјавил за Си-Ен-Ен дека нападот на американскиот конзултат бил претходно добро испланиран.

„Ова не беше тек на едноставен протест кој ескалираше. Според нашите извори нападот е дело на 20 милитанти кои за истиот се подготвувале подолг временски период. Современите ракетни фрлачи, кои во вторникот ги имаше во голем број, не можат да се соберат туку така за едноставен мирен протест“, вели Бенотман. Изненадувачкиот напад на америкаснкиот конзулат започнал вечерта, кога неколку гранати биле испалени на самиот комплекс во кој самиот конзулат се наоѓал.

Tags: , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1