Црно им се пишува на белградските хомосексуалци!


Во Белградската населба Врачар осамнаа плакати на кои група млади луѓе „газат од ќотек“ хомосексуалец, а под фотографијата порака „ Се гледаме во октомври“.

Организаторите на Парадата на гордоста закажана за 6 октомври, сметаат дека заканите доаѓаат од десничарските организации.
Плакатите се во истиот стил какви што гледавме и порано, и поради кои им беше судено на Обрадовиќ и на останатите. Обвинителството мора да реагира, вели Горан Милетиќ од тимот „Белград прајд“.
Плакатите на кои знамето на ЛГБТ популацијата е прешкртано мора да се сфати многу сериозно, реагира претседателот на Геј Лезбејскиот инфо центар, Предраг Аждејковиќ. Фотографијата е направена во боја, што укажува на зголемувањето на буџетот кај десничарските организации, коментира тој.

Од друга страна пак Миша Вачиќ од организацијата „Srpski narodni pokret Naši 1389“, негира дека членовите на ова движење стојат зад плактите.
– Мислам дека фотографиите се дело на луѓето од ЛГБТ групата, сакаат дополнително да привлечат внимание кон себе и кон нивната парада во октомври. Ниту еден припадник на 1389, никогаш не учествувал во насилни дејства. Фотографијата е провокација, уверува Вачиќ.
Претседателот на „Образ“ Младен Обрадовиќ вели дека нема никакви сознанија во врска со плакатите. Сепак коментира„ поголемиот број граѓани на Србија се против одржувањето на парадата на срамот“
– Секој што повикува на парада на срамот, повикува на повторување на случувањата од 2010, предупредува Обрадовиќ.
Српското движење Двери пак соопштува дека ќе стори сѐ за да се спречи како што вели геј парадата, најави демонстрации против тој собир. Двери ќе ја продолжи борбата, користејќи ненасилни институционални средства. Ке почнеме кампања против одржување на геј парадата“, вели претставникот на движењето Владан Глишиќ.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1