Неименуваниот човек кој патувал од Кина за Кенија, сакал на овој начин да ги избегне трошоците за вишокот багаж. Вработените на аеродромот го повикале на разговор, и забележале дека тој на себе има 60 кошули и маици и девет пара панталони.
Бидејќи заборавил да ги испразни џебовите за време додека поминувал низ детекторот за метал се активирал алармот неколку пати па морал да ја соблече целата облека од себе.
Полицијата во неговиот џеб пронашла батерии и полначи за неколку различни уреди.