МВР преку соопштение потврди дека вечерва околу 21 часот е слушната детонација во близина на Владата во правец на споменикот 13 Ноември.
Полицијата вечерва потврди дека во близина на зградата на Владата е најдено место каде имало експлозија. Според првичните информации детонацијата ја слушнале и во МВР ја пријавиле жителите од околните згради.
Екипи од антитероризам веднаш излегле на терен и го нашле местото на екслозијата.
Зградата не е оштетена само е направена мала дупка во тревникот на 5 до 10 метри од зградата кон реката Вардар во близина на споменикот “13 Ноември”. Од местото на екслозијата екипите на МВР подигнуваат остатоци за вештачење. Повеќе детали најавија деновиве.