ВЕЧЕРВА: Еден загинат, четворица повредени – страшна престрелка во Тетово


Еден загинат, а четири лица се повредени во престрелката која вечерва се случи пред кафе бар во Тетово, јави Press24.mk.

Расправии поради девојка најверојатно се причините за вечерашниот инцидент во тетовското кафуле Бар Код во кој едно лице а убиено а четворица се повредени, шпекулира тетовската чаршија. Според неофицијални и се уште непотврдени информации кои кружат во Тетово, убиецот е од селото Боговиње.policijanokni4_1_thumb_medium500_261

Убиениот и повредените се млади лица од албанска етничка припадност на возраст меѓу 20 и 25 години. Расправијата во кафулето избила поради девојка а продолжила надвор по што едно лице чиј идентитет се уште не ни е познат извадило пиштол и почнало да пука. Во пукотниците погодени се 5 лица. Две лица имале посериозни повреди и префрлени се во Ургентниот центар во Скопје, каде пред малку, едно од нив им подлегна на повредите. Неофицијално, меѓу повредените, еден е син на познат лик од тетовското подземје.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1