Очевидци раскажуваат за страшната сообраќајка кај Олимписки


79- годишниот Бошко С. загина на лице место во тешката сообраќајка која се случи вечерва во центарот на Скопје. Со мотоциклот управувал 18-годишниот Е.Б., кој е пренесен во Ургентниот центар, додека совозачот М.У. е пренесен во Градската болница. И двајцата се полесно повредени.

Foto - Kurir.mk

Foto – Kurir.mk

Според СВР Скопје несреќата се случила околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“ кај Олимпискиот базен во Центар.

Неколку очевидци за „Република“ раскажуваат дека се се случило во неколку секунди. Мотоциклот неколкупати се обидел да ги премине возилата, а кога конечно успеал се удрил во дедото, кој во моментот ја преминувал улицата на место каде што нема зебра.

Мотоциклот се вивнал во воздух, едниот од патниците веднаш паднал, а другиот заедно со возилото паднал неколку метри понатаму.

Брзата помош веднаш интервенирала, но за Бошко било предоцна.

Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото и причините и деталите за несреќата ќе бидат сооптшени утре.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1