Од Лондон до Њујорк за 1 час – нов супер соничен авион – арно ама пробниот лет тотално фијаско


Вчера бил тестиран суперсоничен авион кој што може да го мине Атлантикот за помалку од еден саат. Министерството за одбрана на САД првично изјави дека пробниот лет бил успешен, леталото го нарекоа „Wave Rider“, затоа што всушност лета благодарение на ударните бранови на небото.

Саманта Марфи, новинар за технологија која што пишува за „Mashable.com“, се обиде да го опише летот, објаснувајќи дека моторот на авионот повлекува кислорот од атмосферата, за да го направи да лета уште побрзо.

Но само по неколку часа од првичната информација за успешен пробен лет на твитер протече информацијата дека летот всушност бил тотално фијаско. Нешто подоцна и самиот Пентагон призна дека пробниот лет пропаднал.

,, за жал поради проблем со субсистемот на леталото моравме да ја прекинеме мисијата уште пред да биде вклучен скрамџет моторот,, изјавил Чарли Бринк од лабараторијата во базата Wright-Patterson во Охајо.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1