Вакцинацијата против грип почнува во петок, има обезбедено 30 илјади дози вакцини, а ќе се врши во центрите за јавно здравје во државата. Една вакцина чини 400 денари.
Се препорачува да се вакцинираат ризичните групи – постарите лица со хронични заболувања, помалите лица со намален имунитет и хронични заболувања, како и за лицата кои во текот на својата работа се изложени на заразување како здравствените работници и други струки – полиција, теренски работници, пошта, комуникации итн.
Според надлежните има доволен број – обезбедени се 30.000 дози Вакцините се производство на Авентис Пастер од Франција, а дел се производство на Глаксо Смит Клајн испостава во Германија. Безбедни се за употреба, квалитетни и препорачуваме на населението навреме да се вакцинира бидејќи е потребно две недели минимум за создавање имунитет и отпорност на организмот, велат од Институтот за јавно здравје.
Вакцината штити од двата типа на вирус А, а тоа е Х3Н2 и Х1Н1 и штити од вирус на грип од групата Б. За време на епидемијата на пандемиски грип во 2009 година имало 58.000 заболени со околу 27 смртни случаи. Во 2010/2011 година 28.000 заболени со 10 смртни случаи. Минатата година имаше 9.000 заболени, а немаше смртни случаи.