Анализирајќи ги случувањата во современиот свет, политиколозите препознале и објавиле шема според која центрите на моќ ги менуваат судбините на цели држави и создаваат нов светски поредок.
• Одберете една држава за својата цел – и наречете ја криминална.
• Поддржете ги локалните терористи во таа држава, и наречете ги “борци за слобода”.
• Направете максимална штета меѓу цивилното население – и барајте меѓународни санкции и меѓународни сили за интервенција.
• Критикувајте ги изборите во таа држава и барајте контрола над истите. Кажете дека тие избори не се слободни, дека се лажирани и дека тамошната влада е диктаторска.
• Ширете лаги – тоа се нарекува “меѓународен медиумски одек”.
• Конечно влезете во таа држава и воспоставите контрола – наречете го тоа “мировна мисија”, “ослободување” или “хуманитарна интервенција”.
• Изнесете ги сите ресурси од државата и присвојте ги – тоа наречете го “странска инвестиција” и “обновување” на државата.
На овој начин државите се “ослободуваат” и “демократизираат”. Оваа постапка се повторува често, додека државите кои се спротивставуваат не се “ослободат” целосно