Одгледани во дивина: Морничави приказни за деца кои биле одгледани од животни (Видео)


 

Момчето кое го одгледале мајмуни и девојчињата Амала и Камала кои биле одгледани од волчица се само некои од примерите кои ги потврдуваат истражувањата дека животните честопати се подобри родители од луѓето.

Овие приказни за животни кои одгледале и спасувале човечки деца не престануваат да ги воодушевуваат љубителите на бизарното.

Оние кои пораснале читајќи ја „Книгата за џунглата“, во нив ќе пронајдат остварување на нивните најдиви детски соништа, но и стравови, затоа што дивината отсекогаш будела ужас и страв кај човекот.

1. Девојчињата Камала и Амала кои биле одгледани од волчица

Ромул и Рем се без сомнение најпознатите деца одгледани од страна на волци, но овие две девојчиња се секако најпознати помеѓу историски потврдените случаи.

Пронајдени биле во глутница волци, октомври 1920 година, и вратени во своето село во Индија откако мештаните го погубиле нивното „диво семејство“.

Со години на луѓето не им било јасно како овие две девојчиња преживеале, а според некои преданија, тие имале изразени предни заби и вилици, а очите им светеле во темница.

За жал, Амала умрела многу бргу по нејзиното враќање во селото, додека пак Камала со тек на време научила да оди и нормално да се исхранува. Во текот на својот живот, Камала научила се на се 50 зборови.

2. Девојчето кое го одгледала мечка

 Овој случај е единствен во светот. Имано, неколку ловџии за време на еден лов биле шокирани кога забележале мечка како држи девојче. Помислиле дека детето е во опасност.

Пукале во мечката и останале вчудоневидени кога девојчето легнало преку „мајката“ и не сакало да се помести од неа.

Била вратена во цивилизација, но никогаш не сакала да јаде готвена храна, наместо тоа, јадела само сирово месо.

3. Момчето кое го одгледале мајмуни – вистински Тарзан

 Малиот Џон Себуда од Уганда исчезнал во 1988та година, кога татко му ја убил мајка му. Се верува дека детето кое тогаш имало само две години, било оставено во шумата за таткото да не мора да се грижи за него. По три години, бил пронајден од дрвосечачи.

Со оглед на тоа што Џон живеел цели три години заедно со мајмуни, Себуда се качувал по дрва многу внимателно. По неколку години, изјавил дека мајмуните го научиле да бара храна и го прифатиле како нивен.

 4. Момчето кое го одгледале газели и никогаш не било пронајдено

Жан Клод Огер, антрополог од Баскија, на едно од своите многубројни патувања забележал нешто невообичаено во Сирија – група газели и дете кое стои зад нив обидувајќи се да ги имитира нивните звуци.

Детето инстинктивно ги движело мускулите како газела и јадел корења како и овие животни.

Ова сведочење на Огер ги натерало лужето да почнат да го бараат момчето, но никогаш не го пронашле.

Share Button

Tags: ,

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1