Поради отсуство на двајцата адвокати денеска беше одложено судењето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, кој се терети за недозволено држење оружје и распрскувачки материјали, јавува Телма.
Обвинението беше поднесено при крајот на март, откaко МВР при претресот на домот на Верушевски биле пронајдени два пиштола за кои што тој не поседувал дозвола. Следното рочиште судот го закажа на 4-ти јуни.
Покрај за поседување на оружје, Верушевски е првоосомничен во случајот Пуч заедно со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.