Одлучено е – Тијана ќе пее на англиски јазик на евровизија


Нашата евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ во Копенхаген, Данска ќе ја претстави Македонија пеејќи ја англиската верзија на песната, „Таму кај што припаѓам“, со наслов „To the sky!“

tijana 33– Намерно оставивме малку простор пред да ја донесеме конечната одлука, но навистина сме задоволни со изборот. Многу поголем е процентот на оние коишто повеќе им се допаѓа англиската верзија. Публиката се изјасни самата – вели Мери Попова, шеф на Македонската евровизиска делегација.

До крајот на месецот се очекува евровизиската тема да добие и официјален видео запис, а по завршувањето на средбата на шефови на делегации во Копенхаген на 15 март, ќе почне и промотивната турнеја на нашата претставничка Тијана Дапчевиќ. Предвидено е учество на Македонија на најголемиот предевровизиски промотивен настан, „Eurovision in concert“ и на Лондонската евровизиска забава, која е втора по големина од овој тип и се случува по четврти пат. Интересно е тоа што Македонија е одбрана меѓу седумте земји кои со педесет проценти од своето гласање ќе одлучат кој ќе ја претставува Белгија на Евровизија. Неколку члено жири од Македонија предводено од шефот на делегацијата Мери Попова ќе имаат задача да им помогнат на колегите од Белгија околу изборот на нивниот претставник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1