Ако се решивте оваа година да одите за Грција, спремете поголем буџет. Македонските туристи кои од почетокот на јуни го „окупираа“ егејскиот брег велат дека има значителна разлика меѓу ланските и цените од оваа година.
На пример, фрапето на плажа кое лани можеше да се купи за околу 3 до 3,5 евра сега се продава во зависност од плажата меѓу 4 и 5 евра.
Поскапо е и гирото. Најпопуларниот грчки фаст-фуд лани се продаваше од 2,2 до 2,5 евра. Оваа година гиро тешко се наоѓа под 3 евра велат туристите.
Флаша пиво, во моментов чини околу 4 евра, а лани, на истите плажи можело да се купи и за помалку од 3 евра.
За 1 до 2 евра е поскапа и пицата, а зголемување на цените има и во супермаркетите, и тоа оние големите познати ланци како Лидл, Масутис и слично.
Оние кои веќе резервирале сместување велат дека и тука има разлика во однос на ланските цени.