Агенцијата за цивилно воздухопловство бара да вработи советник за заштита на правата на патници во Одделение за аеродромски услуги и заштита на права на патници, со нето плата од 56.100 денари.
Ова стои во објавениот оглас на Агенцијата. Во условите кои идниот советник треба да ги исполни се високо образование, кандидатот да знае да работи со компјутери, сертификат TOEFL.
Според огласот, изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Агенцијата ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации, a пo истекот на рокот за пријавување.