Олимпијадата му носи рекорди и на лондонското метро


Олимпските игри го преплавија лондонското метро. На 2-ри август со метро се превезувале 4,3 милиони луѓе што претставува рекорд, соопшти компанијата која контролира превозот во Лондон „Transport for London“.

Претходниот рекорд повторно е поврзан со Олимписките игри. Еден ден претходно или на 1 –ви август, во подземната железница се возеле 4,2 милиони патници. Ништо чудно до крајот на игрите да се постигнат и нови рекорди.

Дека зголемувањто на бројот на патниците се должи на Олимпијадата и на приливот на туристи, зборува споредбата со 1 –ви август минатата година, кога со подземна железница се возеле 3,8 милиони луѓе.

“Спортските рекорди во Лондон паѓаат секој ден, но нашето светско метро исто крши свои рекорди”, изјави со гордост градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон.

Tags: , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1