Она што го видов ќе ме прогонува цел живот – Американски војник по 44 години одлучи да проговори


Тој открил дека заедно со уште 500 американски војници забележал НЛО во близина на Розвел, местото на кое што пред 24 години бил забележан најпознатиот случај на НЛО во светот.area 51

Поранешен американски војник по 44 години одлучи да проговори за она што се случило во пустина во Нов Мексико во 1971 година. изјавил дека она што го видел во тие пет часа, ќе го прогонува до крајот на животот. Како што пренесува “Express”, војникот во 1971-ва година бил стациониран во Форт Билс во Тексас кога ги испратиле на „воени маневри“ во пустината Ново Мексико, западно од сега веќе светски познатиот Розвел. За време на ноќните маневри, неименуваниот војник заедно со останатите војници забележал два неидентификувани летечки објекти.vonzemjani-rozvel

За време на ноќната стража, заедно со останатите војници, видел два летачки објекти.

– Првиот го забележавме како се приближува од север и наеднаш застана. Другиот објект ни доаѓаше од запад. Во наредните пет часа, летачките објекти летаа по небото над пустината.sad-ufo-vojnik-britanija-tocka-2015-01

Воедно,изјавил и дека објектите биле во кружен облик, но не можела да се утврди нивната големина, бидејќи висината на која се движеле била релативно нејасна. Следниот ден кога се нашле со сите на ручек, зборувале за НЛО, но не се знае зошто никој тогаш не излегол во јавноста со информации.

Во 1947 година, во Розвел паднал непознат објект, а потоа се појавиле гласини дека се работи за НЛО. Американските власти не биле добро координирани при известувањата, што уште повеќе ги терало луѓето да мислат дека се работи за вонземјани. Во конечниот извештај стои дека се срушил американски балон.vonze_thumb_medium500_338

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1