Факултетот во Нови Сад регистрираше нов вид на паразит кој ја напаѓа рибата и кој може да биде опасен за човекот. Тоа е црв од родот „Eustrongylus“ кој живее главно во птиците, но се пренесува и преку рибата.
Професор во Нови Сад, на Земјоделскиот факултет, Мирослав Цирковиќ, изјави дека црвот кај луѓето може да предизвика гастритис и може да се отстрани само со хирушка интервенција.
„Суровата риба може да биде опасна ако се јаде сурова или полупресна. Обично се наоѓа во предаторите како што е сомот. Досега, вакво нешто е откриено во Нови Сад, Грокој и уште неколку други места во Србија“, предупредува Цирковиќ.
Овој црв е многу тенок, долг 4-7 инчи и може да се видат со голо око во заразените риби.
Како што објасни професорот, не е опасен доколку рибата е добро термички обработена.
„Рибата може да биде замрзната пред употреба, затоа што не може да преживее на ниски температури.
Инаку заболувањето од овој вид на црви е често во источните земји како што се Иран и Јапонија, каде што се јаде сурова риба.
Чирковиќ изјави дека црвите се наоѓаат во птиците, а нивните јајца се расфрлаат во природата преку изметот. Одредени глисти можат да ги изедат јајцата, потоа ваквите глисти се изедени од рибите, а потоа птиците грабливци ги јадат овие риби. На крајот на овој ланец на исхрана може да се најде и човекот.
Се претпоставува дека истиот е дојден преку миграцијата на птиците од земјите каде што ваквиот паразит е честа појава.
Националната Потрошувачка организација на Србија ја предупреди јавноста да обрне внимаие од каде граѓаните купуваат и конзумираат риба.
„Има неколку места каде што рибите се продаваат дирктно по ловот од водата и исите не ги претрпеле потребните третмани.
Овластувањата на вегетаринарските инспекции се многу мали. Инаку за тоа би требало да биде одговорен советот на министри за безбедност на храната, но ваквата институција веќе три години не е формирана“, изјавил Горан Паповиќ од „NOPS“.
Поврзани вести