Опасниот вирус „Тексас“ во поход – Балканците немаат имунитет за него


Два типа вируси на грип во моментов ги кутнуваат Бугарите в кревет со температура, а страшно е што еден од нив е вирусот А/Х3Н2 познат како „Тексас“, покажале испитувањата на Националниот центар за заразни и паразитарни болести во Бугарија.bakteria-virus-labaratorija11

Доколку се развие епидемија, овој вирус би можел бргу да се прошири и во Македонија. Инаку, А/Х3Н2 има потенцијал да предизвика и пандемија, исто како опасниот А/Х1Н1, кој е нарекуван и „свински грип“.

Во проби земени од две мали деца и една жена од околу 60-те проби во градот Стара Загора е изолиран А/Х3Н1, познат како „Тексас“.

Проблемот со мутираниот „Тексас“ е што населението во Бугарија нема доволно имунитет со него.

– Поради генетските промени во вирусот, вакцината против грипот е ефикасна само 37 отсто – вели проф. Тодор Кантарџиев, директор на бугарскиот Национален центар за заразни и паразитарни болести.

Во Европа се очекува поинтензивна епидемија на грип, со потешки симптоми, а доминантниот вирус ќе биде А/Х3Н2, велат од Европскиот центар за контрола на болестите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1