Оризот е спас ако телефонот ви падне во вода


Во лето водата ни станува и најголем сојузник против пеколните температури. Сепак, и покрај тоа што таа е најголем наш сојузник, таа е и најголем непријател на технологијата што ја користиме секој ден.

Еве неколку совети што да направите и како да го спасите вашиот мобилен телефон доколку дојде во контакт со вода.

Прво и најосновно, откако ќе го извадите телефонот од вода, никако не смеете да го оставите вклучен. Тој мора да биде изгасен за да нема циркулација на електрична енергија во него и да се минимализира штетата на електронските делови во него.

Второ, отворете го телефонот и извадете ги деловите како батерија, мемориска и сим картичка, електронски пенкала, антени и други додатни делови на телефонот. Со тоа ја намалувате шансата за расипување на тие делови и евентуално купуванје на нови.

Ако телефонот е паднат во морска вода, измијте го со обична вода. Обичната вода ќе ги измие кристалите и солите од морската вода и ќе ја минимализира штетата. Потоа внимателно избришете го со памучна крпа и ставете го да се исцеди во сад со ориз во период од 12 до 24 часа. Оризот ќе го впие вишокот на влага и вода и ќе помогне при сушењето на телефонот.

ВНИМАНИЕ!!! Никогаш, ама никогаш, не користете фен или друг уред што емитува топлина за да го исушите телефонот. Топлината ќе го оштети телефонот многу повеќе отколку водата.

Откако сите делови ќе се исушат, внимателно склопете го телефонот и вклучете го.

Share Button

Tags: , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1