Осуммината вистински владетели на Русија


Консултирајќи над 60 инсајдерски претставници на политичката и бизнис елита на Русија, московскиот холдинг „Минченко“ направи извештај за хиерархиските врски и механизми по кои функционира тајниот таканаречен монолитерн режим – Владимир  Путин.


Главниот заклучок на извештајот е дека Русија не ја контролира семоќниот Путин туку таа е контролирана од фамозна “вертикала на власт” на политбиро (терминот е алузија на  извршен орган на Комунистичката партија во минатото на Советскиот сојуз). Тој неформален „политбиро„ го сочиннуваат осуммина водачи на кланови кои меѓу себе постојано се натпреваруваат за моќ и влијание. Путин во борба, има улога на модератор, кој се грижи за рамнотежата на моќта. Со постојани кадровски ротации и манипулации тој гарантира дека ниеден клан нема да стане премногу силен.

Влијанието на Путин лежи во насочување на нивните интереси  така што “клановите меѓусебно влегуваат во судир, во кој тој како дете е крајниот арбитер кој донесува решение“.
Друг важен заклучок вели дека Путин со враќањето во Кремљ го деградирал влијанието на руската влада со тоа што направил низа паралелни политички органи во состав на претседателската администрација, чии овластувања се поклопува со формална извршната власт – Владата на премиерот Дмитриј Медведев.

Во извештајот „ Минченко “ дури пет од осум највлијателни луѓе доаѓаат од родниот град на Путин – Санкт Петерсбург – а ниту еден не е од Москва. Токму поради овој факт, долго време се зборува дека со современа Русија управува „Кланот на Путин“. Довербата на Путин не се стекнува преку ноќ, тој со најголем број на членовите се знае повеќе од 20 или 30 години.
Еве го кланот на Путин

Сергеј Чемзов (60 години, Иркутска област)
Генерал-полковникот со сибирско потекло се смета за лидер на кланот кој управува со руската воена индустрија. Извонредно влијание му дава функцијата директор на „Ростехнологија“ владина корпорација основана со цел да привлече  инвестиции и да ја зголеми ефикасноста, развојните перспективи и потенцијалот на руската висока технологија. „Ростехнологија“ ја контролира работата на речиси еден милион луѓе во Русија. Путин  и Чемзов се запознале во 80-те години во Источна Германија, каде што Путин работел како КГБ шпион, а Чемзов како претставник на советската компанија Луч.

Игор Сечин (52 години, Санкт Петербург)
Сечин е специјален човек на Путин кој е експерт за деликатни задачи започнувајќи од жарење и палење со руската енергетика, па се до продажба на оружје на Венецуела и склопување на договори со американски компании. Денес тој е  претседател на државната нафтена компанија „Росњефт“ и е се поуспешен менаџер. Неговиот таинствен кланот составен од “јастреби” од информатори и репресивни структури порано се сметаше за најкрут клан во рускиот систем. Политичкото влијание на Сечин се опишува како “широк, но неформализиран“.

Сергеј Собјањин (54 години Тјуменска област, Сибир)
Новиот градоначалник на Москва е наследник на донеодамна неуништливиот Јуриј Лужков. Тој во јавноста не се истакнува како неговиот претходник, но во извештајот се наведува дека со влегувањето на чело на руската метропола во која е концентрирана огрома количина на пари и моќници од целата земја, успеа да ги избалансира односите со олигархиските структури чии интереси често се судруваат.

Тандемот Генадиј Тимченко – Јуриј Ковалчук (Санкт Петербург)
Банкарот и нафташот веројатно се најмоќните олигарси во сенка, за разлика од Абрамович, Дерипаски или Прохоров. Од останатите големи бизнис ѕверки се  издвојуваат по тоа што тие се многу блиски пријатели на Владимир Путин.  Групата на  бизнисмени и гувернери околу нив формира клан кој во сферата на енергетиката е поставен како ривал на кланот на група Игор Сечин. Тимиченко кој дури нема ни руско државјанство (живее во Швајцарија), со својот бизнис на  нафта и гас е толку привилегиран што Путин го држи како противтежа на монополската наклонетост на Гаспром.

Вјачеслав Володин (48 години Саратовска област)
Во извештајот го нарекуваат Дебитант на “Политбирото“ затоа што има само 48 години, а брзо стекна огромно влијание бидејќи како заменик шеф на претседателскиот кабинет ја монополизираше функцијата на политички менаџмент. На пример, раководи со новиот проект на Серускиот Народниот фронт

Share Button

Tags: , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1