Околу 50 луѓе почнале да бегаат во панника за време на давањето на Бетемен во киносала во Аризона, откако 27 годишниот Мајкл Виијем Барбоа, кој најверојатно под дејство на алкохол, почнал да се дере на цел глас.
Полицијата веднаш го уапсила поради создавање на „масовна хистерија“, недолично однесување, како и заплашување и заканување на останатите граѓани.
Во Мејн пак е уапсен Тимоти Курто кој на властите им рекол дека ќе оди да го убие поранешниот работодавец, веднаш откако го гледал филмот за Бетмен. Откако полицијата го запрела поради надминување на ограничената брзина, во неговиот автомобил пронашла калашников, четири пиштоли, муниција и исечоци од весници на кои се наоѓале 12 лица од масакрот во предградието во Денвер.
На југот на Калифорнија полицијата го уапсила и 52 годишниот Кларк Тејбот, кој, според изјавите на очевидците, постојано се дерел, дека поради тоа што проекцијата каснела, тој требало да го повтори маскрот кој што се случи во Колорадо, а потоа сите ги прашувал дали имаат пиштол за да му го позајмат на кратко. Од обезбедувањето забележале еден ранец крај неговата нога, но полицијата во претресот не пронашла никакво оружје.