Откако доживеала сообраќајна несреќа Лив Роув од Австрија доживеала нешто многу необично. Имено, по несреќата таа почнала да борува на француски јазик.
Несреќата се случила пред 8 години, но и покрај тоа сепак Австријката сеуште зборува со француски акцент.
Лекарите за оваа појава имаат објаснување дека жената има синдром наречен синдром на странски акцент или ССА кој е многу редок.
– По несреќата зборував многу бавно бидејќи имав скршеница на вилицата, а потоа одеднаш почнав да зборувам на француски јазик. Акцентот кој ми остана многу ми пречи и ме прави бесна, вели жената.