Откриен е најстариот праисториски град во Европа – во Бугарија?


Во североисточна Бугарија кај градот Провадија е откриен најстариот праисториски град во Европа, пишува бугарската агенција Стандард.

-Крај праисториската солана, недалеку од Провадија во североисточната Бугарија, пронајден е најстариот праисториски град во Европа, настанал во петтиот милениум пред Христос – тврди професорот Васил Николов што раководел со ископините, пренесува бугарската агенција Стандард.
Камените бастиони и ѕидовите дебели два метри, стари се 4.700 – 4.200г. пред новата ера. Тоа се најстарите фортификации во Европа, документирани досега. Последните ископини ја потврдуваат нивната грандиозност и долговечност.

-Солта вредела злато и валута во тоа време, имала и функција како парите, додека златото и среброто служеле само за престиж. Затоа овде бил монетарниот центар на Европа – кажува професорот Николов.
Зад ѕидините на тој град живееле богати луѓе во двоспратни куќи, вкупно 350, тврди раководителот на ископувањето.
Освен археолошки, се спроведуваат и антрополошки истражувања. Со нив раководи шкотската професорка Кетлин Максини од Единбург. Таа испитува 18 гробови со богати гробни прилози, во кои покојните се преполовени и така се погребани.
Истражувањата покрај Провадија се финансираат со средства од САД.

Share Button
Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1