Ванчо Митев и официјално ќе и биде адвокат на дадилката која е осомничена за малтретирање на 9 месечното бебе Даријан. Вели дека во моментов пишувал жалба на решението за притвор.
Тој вчера на социјалните мрежи најави дека ќе побара иземање на снимката како доказ од судската постапка бидејќи била незаконски стекната.
Дадилката Т.С. (65) доби 30 дена притвор и ќе одговара за кривично дело за кое и се заканува казна затвор до 10 години.