Езерото Мичиген во Америка, после топењето на ледот толку се разбистрило, што од воздух биле видливи некои многу интересни работи.
Хелихоптерот на американската крајбрежна стража извшувал рутински лет над езерото кога пилотот забележал дека дното е кристално јасно видливо поради необичната бистрина на водата.
Затоа што во минатото се случиле многу бродоломи, поради неговата моментална бистрина, некои од нив сега се многу јасно видливи од воздух.
Бродовите чии остатоци ги снимил хелихоптерот, всушност и не се многу длабоко под вода, но не секогаш можат вака јасно да се видат поради промената на нивото на водата во езерото.