Многу работи на ова наше поднебје се парадоксални и контрадикторни сами по себе, а најчесто такви моменти може да се препознаат кај рекламите и пораките кои одредени субрејкти или индивидуи ги упатуваат до своите клиенти.
Како оваа , за нас, неразбиралива порака, оставена на влезот на една куќа во една скопска населба. И тоа на метална плоча- „не примаме и не переме теписи„
Не и не!. Зошто не?
Ѕирнавме во дворот, кој беше полн со теписи, но вратата беше заклучена и така , барем засега, не успеавме да дојдеме до одговор на оваа загонетна порака.
Во секој случај, сега барем знаеме дека теписите не треба да ги носиме таму.