Дени Бојлл го воодушеви светот со спектакуларното отворање на Олимписките игри. Бојл (55) најпрвин го сметаа за необичен избор за свеченоста со која Британија се претстави пред светот и го одреди тонот на Олимписките игри.
Тој се прослави во 1966 година со филмот „Транспотинг“ во кој ги прикажа зависниците од хероин на работничката класа.
Сепак организаторите на ОИ тврдеа дека Бојл е вистинскиот човек за свеченото отворање поради искуството, енергијата и љубовта која што ја има кон Англија. Се покажа дека имале право.
Во претставата на Бојл вредна 27 милиони фунти, која беше доживеана како вистинско шоу, режисерот ја помеша исотирјата, културата и хуморот на Британија. Беше тешко да се надмине екстравагантното свечено отворање на игрите во Пекинг во 2008 година, но Бојл успеа во тоа.
Како во своите филмови, се послужи со луда енергија, олимписки гламур и хумор на сопствена сметка. Бевме сведоци на лажни облеки и разиграни медицински сестри.
Но, врв на вечерта беше филмот во кој во главна улога ја имаше кралицата Елизабета Втора со глумецот Даниел Крег како Џејмс Бонд.
Изјави дека со свеченото отворање на ОИ сакал да им се оддолжи на Лондон и Британија и затоа ги вклучил и работниците, синдикатите и болничкиот персонал, затоа што и тие се важен дел за оваа земја.
„Оваа земја и овој град… Ми дадоа се што имам во животот, освен детството кое што го минав во Манчестер“, изјави Бојл пред новинарите.
„Кога говориме за приликите кои што сум ги добил во животот, овој град, а се гордеам што живеам во него, ми даде се“, дополни Бојл.
Тој се родил во ирско католичко работничко семејство во Манчестер. Сакал да стане свештеник, но сепак се запишал на факултет, кој сепак не го завршил затоа што отишол во лондонски „Joint Stock Theatre Company“, а потоа во 1982 година станува уметнички директор на „Royal Court Theatrea“ во Лондон. Режирал пет продукции за „Royal Shakespeare Company“, а во 1987 година станува режисер за телевизија.
Не успеа да го заведе, светот на Холивуд и одби неколку понуди, меѓу останатите не сакал да го режира и еден од филмовите „Alien“. Наместо тоа во 1997 година ја сними романтичната и успешна комедија „Не така обичен живот“.
Во Холивуд не му одеше најдобро со филмот „Плажа“ снимен во 2000 година, а потоа се сврте кон хорор филмовите и научната фантастика.
Својот врв го имаше во 2008 година кога за „Милионери од улицата“ доби дури осум оскари. Во 2010 го сними „127 часа“, а минатата година кога се врати се прослави со „Фракфенштајн“, во националниот Театар. За време на отворањето на Олимписките игри започна и кладбата, дали ќе се најде на списокот на оние кои што кралицата ќе ги прогласи за витези.