Предозираност со метадон е причина за смртта на брачниот пар Кашмир и Ѓултен Исовски, чии тела во фаза на распаѓање беа пронајдени вчера во мотел во индустрискиот дел на Битола. И двајцата беа регистрирани наркозависници, а бурниот живот младите сопружници заедно ги однесе во смрт. Биле 12 години во брак, имаа 4 деца, но извесно време не живееле заедно. На 24 октомври Ѓултен отишла на свадба во соседството и повеќе не се вратила во домот на родителите каде живеела од неодмна, пишува Телма
Ѓултен се лекувала од зависност, а децата останале со таткото. Тој пак, се лекувал во психијатриската болница во Демир Хисар, по што и на двајцата им било одземено родителското право. Трите деца на возраст од 5 до 11 години биле згрижени во домот 11 Октомври во Скопје, а за најмалото, 2,5 годишно девојче, старателството го добила мајката на Ѓултен.
Младите сопружници не биле разведени, но не се гледале. Кога и како Ѓултен се нашла со Кашмир на 24 октомври, никој не знае. Таа во неа немала лични документи, тврди мајката, покажувајќи ја патната исправа, личната карта и здравсвената легитимација.
Според првичните резултати од обдукцијата, причина за смртта е интоксикација со наркотични средства.
-При увидот на лице место пронајдени се шприцеви со игли и две боци со метадон. И кај двете лица не се пронајдени никакви траги и повреди кои би укажувале за надворешни сили врз телтот на починатите, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
Видео на Телма.мк