Ова е изворот – пребеганиот агент на ЦИА кој го ,,отчука,, Обама дека прислушкува (Видео)


Поранешен припадника на американската централна разузнавачка агенција CIA и вработени во Националната безбедносна агенција NSA му открил на британскиот весник The Guardian доверливи информации за американската програма за надзор на комуникациите за да ја алармира јавноста околу она што се прави во нејзино име, објави во неделата весникот.

Дваесет идеветгодишниот Ерик Сноуден кој за ултратајната Националната безбедносна агенција NSA работел како вработен на контракторот компанијата за безбедносни прашања и обезбедувања „Booz Allen Hamilton” во разговорот објавен на онлајн страницата на весник од Хонгокон, каде што се наоѓа до 20-ти мај, изјавил дека нема намера да се крие, бидејќи знае дека не сторил ништо лошо. Притоа електронското издание ан The Guardian го објави и видео разговорот со Едвард Сноуден со откриено лице.

enhanced-buzz-26051-1370803724-10

Американските власти покренаа истрага за да откријат кој ги пренел откритијата коишто ги објавија минатиот четврток весниците The Guardian и The Washington Post, а Сноуден призна дека смета оти нема да може да се врати во татковината од Хонгонг каде шти сѐ уште се наоѓа.

„Единствената цел ми е да ги информирам луѓето за она што се прави во нивно име и она што се презема против нив”, вели Сноуден за The Guardian.

Вели дека иако живеел многи лесен живот на Хаваите, на 20-ти мај ја напуштил компанијата и одлетал за Хонгконг пред откривањето за истекувањето на информациите. „Подготвен сум сѐ да жртвувам, бидејќи не можам да дозволам на американската валда да го уништи приватниот живот, слободата на интернетот во светот со огромниот систем за надзор кој тајно го гради”, вели Сноуден.

Пред три седмици тој копирал тајни документи во канцеларијата на NSA на Хаваи каде што работел и му рекол на својот шеф дека му се потребни неколку седмици за лекување од епилепсија, пишува весникот ноќта кон понеделникот.

Минатата седмица The Guardian и The Washington Post го разоткрија постоењето на две тајни програми на агенцијата NSA за следење на комуникациите. Една се однесува на собирање податоци за телефонски повици од 2006 година во САД која ја водел операторот „Verizon”, меѓутоа најверојатно и другите телефонски оператори. Втората програма пресретнувала интернет комуникации на двете големи компании за корисници коишто живеат надвор од САД.

internet333Во една од белешките што ги придружува документите коишто Сноуден ги предал на весникот, тој вели дека е „свесен дека ќе настрада поради својата активност. Повторува дека тоа го сторил за да го разобличи она што го прави владата на САД под изговор дека е загрижена за националната безбедност.

Снодуен вели дека ретко ја напушта собата во хотелот во Хонгконг. Стравува дека кинеските власти може да го екстрадираат во САД, меѓутоа истовремено верува дека властите
на Хонгконг „ја поддржуваа слободата на говорот”.

Како што пишуваа минаата седмица The Guardian и The Washington Post, Американската агенција за национална безбедност (NSA) и Федералното биро за истраги FBI директно се споени на главните сервери на деветте водечки интернет компании, што на разузнавачите им овозможува прегледување на електронската пошта, фотографиите и другите документи преку коишто можат да следат поединци и нивните контакти. Високо доверливата антитерористичка програма PRISM досега не беше јавно позната.

Facebook-Google-YahooКако што се наведува во текстот објавен во The Washington Post, во оваа програма се вклучени глобалните играчи од американската Силиконска долина, како Microsoft, Yahoo, Google, Facebook, PalTalk, AOL, Skype, YouTube и Apple.

Оваа вест беше објавена истовремено и со написот на британскиот дневен весник The Guardian во кој се наведува дека американската влада собира снимки од телефонски разговори на милиони американци во рамките на борбата против тероризмот.

Високиот функционер на американската администрација изјави дека информациите собрани преку владината програма за набљудување, којашто ги користи серверите на интернет компаниите, се однесуваат исклучиво на не-Американци коишто живеат надвор од САД. Законот овозможува собирање податоци преку оваа програма и не дозволува цел да биде американски државјанин или лице коешто се наоѓа на престој во САД, изјавил неименуваниот функционер.

„Таа програма неодамна ја одобри Конгресот по опсежна расправа. Информациите собрани со програмата меѓу најважните и највредни разузнавачки информации коишто ги прибираме и се користат за заштита на нашиот народ од различни закани”, истакнал фунцкионерот.

Во соопштенијата коишто ноќта кон петокот ги објавија компаниите Google, Apple, Yahoo и Facebook, се демантира дека владата на САД има „директен пристап” до нивните сервери.

google1„Google води голема грижа за безбедноста на нашата база на податоци. Податоците за корисниците ги откриваме на владата во согласност со законот и сите такви барања ги разгледуваме многу внимателно. Одвреме навреме се појавуваат приказни дека на владата сме и’ овозможиле ‘заден влез’ во нашите системи, меѓутоа Google нема ‘заден влез’ за пристап на владата до приватните податоци на корисниците”, се наведува во соопштението на компанијата Google.

„Заштита на приватност корисници и нивните податоци е највисокиот приоритет на Facebook. На ниедна владина агенција не и’ дозволуваме директен пристап на серверите на Facebook. Кога на Facebook ќе му пристигне барање за податоци или информации за некој поединец, ние внимателно разгледуваме дали тие се во согласност со законот и даваме информации само во оној обем којшто го наложува законот”, изјави во соопштение директорот на компанијата, Џо Саливен

Раководството на компанијата Verizon вети дека ќе ги заштитат личните податоци на корисниците, но истакна дека треба да се почитуваат судските одлуки

„Ние не ја коментираме точноста на статијата во The Guardian или горенаведените документи, но оваа приказна има голем број важни точки, како актуелното судско решение коешто ги вклучува фразите ‘Verizon е должен да одговори’, ‘на компанијата ѝ се забранува да го објавува налогот'”, се наведува во материјалите коишто раководството на операторот ги испрати на своите вработени и ги објави на Twitter.

„Компанијата постојано презема чекори за заштита на податоците на клиентите. Сепак, законот предвидува дека федералниот суд може, под одредени околности, да ја принуди да обезбеди информации. Ако ние сме добиле таков налог, тогаш сме требале да го извршиме”, нагласуваат челниците на Verizon.

obama placeСпоред пишувањето на The Washington Post, програмата е започната во 2007 година во мандатот на поранешниот републикански претседател Џорџ В. Буш и значително била проширена во времето на актуелниот демократски претседател Барак Обама.

Весникот, исто така, напомна дека поседува копии од дијапозитивите за операцијата „Силиконска долина”, наменети за вишите аналитичари во Агенцијата за национална безбедност. Во нив новото оружје се опишува како најплодниот извор на информации за дневниот брифинг на претседателот во кој минатата 2012 година податоците од PRISM биле цитирани 1.477 пати.

Интернет компаниите свесно учествуваат во програмата и на еден од дијапозитивите на Агенцијата за национална безбедност (NSA) се наведени по редот по којшто и’ пристапувале на програмата почнувајќи од Microsoft во септември 2007 година и завршувајќи со Apple во 2012 година.

Весникот The Washington Post тврдеше и дека копиите од PowerPoint презентацијата за програмата PRISM, како и други материјали, ги добил од разузнавач кој сакал да го открие она што го смета за грубо кршење на приватност на луѓето.

spy„Таа информација, за којашто станува збор во написот (во The Guardian) е важен инструмент за заштита на нацијата од терористичките закани, бидејќи им овозможува на антитерористичките единици да ги идентификуваат контактите на осомничените, особено на територијата на САД”, изјави за медиумите портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Според Ернест, наредбата на судот не им дозволува на властите да ги прислушуваат разговорите, туку само овозможува да добијат податоци за броевите и времетраењето на повиците. Ернест потенцира дека собирањето на информациите е легализирано со федералниот закон од 2001 година.

„Разузнавачката заедница спроведува одобрена од судот разузнавачка активност во согласност со законот, со знаење и под надзор на Конгресот”, вели претставникот на Белата куќа.

Активностите на американското разузнавање го контролираат министерството за правда, канцеларијата на директорот на националното разузнавање и специјалниот суд, додава Ернест.

То уверува дека американскиот претседател Барак Обама ја поздравува дискусијата за изнаоѓање баланс меѓу граѓанските слободи и безбедност. „Меѓутоа, тој има намера да ги искористи сите достапни алатки за да ја осигури безбедноста на Соединетите држави”, вело Ернест.

Israel-spy-ringМеѓутоа ставот на администрацијата на претседателот Барак Обама не го споделуваат заштитниците на човековите права. Една од водечките американски невладини организации Американската унија за граѓански слободи (ACLU) го критикуваше собирањето информации за повиците на милиони телефонски претплатници. „Тоа е програма во чиишто рамки неискажлив број невини луѓе биле подложени на постојан надзор од страна на владините агенти”, вели заменик-директорот за правни работи на ACLU, Џамил Џафер.

Според него, сегашната ситуација е полоша отколку во книгите на Џорџ Орвел, кој во антиутопискиот роман „1984″ го опишува системот на целосната контрола над граѓаните.

Прислушувањето на телефонските повици во САД од страна на тајните служби беше едно од најконтроверзните прашања за време на поранешниот американски претседател на Џорџ Буш помладиот. Федералниот закон усвоен по нападите од 11-ти септември 2001 година, познат како Патриотскиот акт, им дозволува на американските разузнавачки агенции без одобрение на судот да преземаат акции на прислушувања на странски државјани кои се наоѓаат вон американските граници, осомничени за тероризам или за шпионажа.

Макфакс

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1