Ова е невестата која што се удави при фотосесија во својата венчаница Фото/Видео


30 годишната Maria Pantazopoulos е невестата која загина во својот невестински фустан при фотосесија на Ouareau реката во близина Dorwin Falls, северно од Монтреал.

Невестата самата ја избрала локацијата – прекрасните водопади за да ја направи невестинската фотосесија, брзата вода ја повлекла и поради тешкиот фустан, 30 годишната девојка веднаш потонала. Нејзиното тело е најдено 4 часа подоцна.

Марија е од градот Лавал северно од Монтреал, Канада. Двојката се венчала на 9 јуни но невестата сакала да има повеќе фотографии во невестинскиот фустан. Самата одбрала да се слика на водопадите.

Познато туристичко место и прекрасна природа. Влегла со нозете во водата, но фустанот кој имал огромна корпа се наквасил и почнал да тежи – ,, се лизгам, се лизгам,, викала секунда пред брзите струи да ја повлечат во смрт.

фотографот се обидел да ја спаси но не успеал – брзите струи ја повлекле во нејзината смрт. Видно вознемирен и тој е хоспитализиран.

Телото било пронајдено на дното на езерцето.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1