Ова е оружјето со кое Американците ќе станат непобедливи (Видео)


Американската војска произвела прототип на нов футуристички електромагнетен топ, кој стрела проектили и лета пет пати побрзо од брзината на звукот, првиот тест на брод би требало да биде изведен во текот на 2016. година.

sad-oruzjeНовото оружје користи електромагнетна сила за лансирање и забрзување на проектили, што би требало да доведе до значајно поевтинување на војувањето.

При такви брзини за ефективно уништување на непријателски мети доволно е да се користат проектили кои чинат околу 25.000 долари по парче, додека за моментална употреба се користат ракети кои чинат околу милион американски долари.

Според зборовите на шефот на истражувачкиот тим на американската морнарица, контраадмиралот Метју Клундер, кога ќе започне масовната употреба на овој топ, Американците ќе бидат речиси непобедливи.

sad oruzje2Непријателот кон нас може да фрли било што, но сега имаме можност за стрелање на голем број од овие ракети.

Мислам дека едноставно не можат да не надвладеат бидејќи ние нема да останеме без муниција – констатирал контраадмиралот Клундер.

Дострелот на проектилите од овој топ би требало да биде околу 200 километри.

Морнарицата објавила и демо снимки од новото оружје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1