Српската полицијата го откри убиецот на 21-годишниот Лука Јовановиќ.
Осомничен за убиството е 33.годишниот Марко Миличев, а во моментов се наоѓа во Турција.
Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ, изјави дека Небојша веќе и е познат на полицијата за обид за убиство, за што бил и осуден во Србија на три години и шест месеци.
Миличев порано се презивал Марковиќ, но го променил презимето. Тој е познат криминалец кој неколку пати бил осудуван за различни дела, а постои сомнеж дека е поврзан со нарко група.
Овие информации денеска ги истакна српското МВР на прес-конференција.
Небојша на 25 јули го прегази младото момче на Бранков мост во Белград и избега од местото на кобниот настан како ништо да не се случило.
Нашиот другар ќе почива во мир дури кога ќе биде фатен неговиот убиец.
Вака другарите на 21-годишниот Лука со солзи во очите зборуваат за големата трагедија во која го загубија другарот.
– Од погребот на Лука не сум отишол на неговиот гроб. На гробот се заколнав дека ќе го најдеме убиецот.
Дури кога ќе го знаеме името и презимето на монструмот ќе отидеме на гробот на нашиот другар и ќе му кажеме дека го најдовме, вели неговиот другар Никола за српскиот Курир, момчето со кое Лука кобната ноќ ја туркал расипаната Лада кога на него налета криминалецот и го усмрти.