Сара Тетли едно утро се разбудила и сфатила дека сопругот сексуално ја злоупотребува.
-Се разбудив малку зашеметена и сфатив дека сум била силувана додека спиев. Одлучив да се преправам дека се уште спијам и да видам што ќе се случи. Набрзо заврши, раскажала Сара за ITV.
Сопругот заминал на работа, а таа ништо не му рекла, не знаела ни самата што да прави. Отишла кај соседите и им раскажала што се случило, а тие ја охрабрувале да повика полиција.
Тогаш следел уште еден шок. Полицијата пронашла 316 видео снимки на кои нејзиниот сопруг ја силува додека спие. Сара е уверена дека и давал некоја дрога за да ја зашемети.
-На некои снимки не се слушаше ниту моето дишење – изгледаше како да сум мртва. Некогаш користел и различни домашни помагала за дополнително да ме злоупотребува. Беше страшно да се гледа сето тоа, раскажува оваа 26-годишна мајка која никогаш не се посомневала во ништо.
Нејзиниот сопруг Чарли на основа на 26 обвиненија бил осуден на 12 години затвор.