Ова е жената од легендарната банкнота: Тврди – го украдоа мојот лик од илјадарката (Видео)


Ружица Миленковиќ, чии портрет ја красеше банкнотата од илјада динари цели 15 години, доживеа непријатно изненадување кога неодамна дозна дека нејзиниот лик од илјадарката сега се наоѓа на пакување на бело брашно. Меѓутоа на „Дамата од банкнотата” не и` пречел самиот производ, туку фактот што под сликата не стои името на авторот – нејзиниот сопруг, славниот српски сликар и графички дизајнер Андрија Миленковиќ.

Легендарниот Андрија Миленковиќ направи одлични графички и ликовни решенија за споменатата банкнота. За тоа доволно сведочи податокот дека за 15 години постоење, од 1975-та до 1990-та година, оваа банкнота никогаш не е фалсификувана бидејќи е сочинета од повеќе од 40.000 линии на сиви нијанси.02_5469887_ruzica-milenkovic-01rasfot4564
Ликот на девојката која во раката држи грозд, а позади неа комбајн жнее пченица, сликарот ја направил според ликот на својата сопруга Ружица. Денес, таа се бори против целиот систем да го зачува авторското право на покојниот сопруг.

„Моја роднина која го купува тоа брашно веднаш ми се јави да ми каже дека производителот на амбалажата го ставил мојот лик од банкнотата. Бев возбудена, но не претпоставував дека мојот лик е украден и дека никаде не го пишува името на авторот“, огорчено раскажала Ружица Миленковиќ за српски „Блиц“.

Знаејќи дека банкнотата е сопственост на Народна банка Србија, Ружица се зачудила дека ваква голема и важна институција не ги заштитила своите права.

01_345889_ruzica-milenkovic-03534433f

Народна банка донела прилично контрадикторна одлука која ја регулира оваа област. Одговарајќи на жалбата од Ружица Миленковиќ, Народна банка сега се повикува на таа одлука тврдејќи дека производителот на брашното не мора да го наведе името на Андрија Миленковиќ под неговото дело.

Имено, во еден дел од оваа одлука се наведува дека репродукцијата на старите банкноти е можна иако не се исполнети сите потребни услови, но само ако таа репродукција не предизвикува погрешно уверение дека банкнотата и понатаму е во оптек. Во другиот дел на одлуката пак, се наведува дека согласност за репродукција е неопходна.

Сепак, Ружица Миленковиќ нема да се откаже од намерата да го заштити моралното право на авторот кој му го гарантира Законот за авторски и сродни права, а кое не може да се пренесе со ниеден договор.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1