Индиска група инженери претставија прстен што служи како контролор на сите „паметни“ уреди, претворајќи ја дланката во далечински управувач.
ФИН се поврзува со останатите уреди преку блутут врска и се носи на палецеот како прстен. Уредот ги следи движењата на раката на корисникот и врз основа на нив „имитира“ команди.
Уредот може да се користи како далечински управувач за телевизор, смартфон, таблет или за контролирање на аудио и навигацискиот систем во автомобилот.