Со оглед на тоа што западните медиуми го опишуваат Иран како држава во која нема индивидуална слобода, оние кои не знаат многу за оваа земја навистина може да се изненадат од забраните.
На улиците на Техеран, за време на Рамазан можеа да се видат млади кои пијат, јадат или пушат, што ги прави мета на полицијата. Сепак, “моралната полиција” може да се појави во било кое време, но оние Иранци, кои постат и ја почитуваат верата се сосема рамнодушни кон оние кои не се држат до правилата пишува француски Le Soir .
Во оваа земја сексуалните односи надвор од бракот се строго забранети, но младите од Иран нашле решение за овој проблем бидејќи се имаат еден термин “одење во Сан Франциско“ кој се користи за интимни моменти односно брак со одреден век на траење.
Некои ирански туристички агенции дури се специјализираат во продажбата на екскурзии во Каспиското Море, за “привремени брачни двојки” кои доколку не би биле во брак ризикуваат 100 удари со камшик како казна за вонбрачен секс.
Покрај тоа, не ретко се наоѓа на трансексуалец кој е прекриен со превез. За овие луѓе од 1980, со одобрение на ајатолахот Хомеини, Исламската Република Иран е законски ги одобрува и дава финансиска помош за речиси 150.000 трансексуалци, како и за оние кои сакаат да го променат полот, пишува Le Soir.
Наспроти трансексуалноста, хомосексуалноста во Иран се казнува со смрт.
Мешањето на мажите и жените на јавни места е се помалку поврзано со моралните императиви и станува секојдневие во економската и социјална реалност. Наметнатата полова сегрегација во јавниот транспорт повеќе не се почитува, а мешањето на мажи и жени во јавниот и приватниот превоз стана речиси правило од пред неколку години.