Ова се најдобрите спортисти во Македонија за 2012 (Фото)



sportisti-na-mak-2012

Наградите беа доделени на вчерашната манифестација која се одржа во просториите на Македонската опера и балет под покровителство на Агенцијата за млади и спорт.

nakovaСпортистка на годината е златната параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, која на параолимписките игри во Лондон освои златен медал и постави нов светски рекорд во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

„Оваа награда е посебна за мене, таа ми претставува мотив да продолжам со понатамошни успеси“, рече Наковска-Бикова.

Ракометарот на Металург и член на репрезентацијата која го освои петтото место на Европското првенство, Наумче Мојсовски, е прогласен за спортист на годината.

mojsovski„Се надевам дека нема тука да застанам. Во 2012 ми се случија многу убави работи на репрезентативен и клупски план, 2013 не започна баш најдобро но се надевам дека и таа ќе биде успешна како претходната година“, рече Мојсовски.

Признанието на македонскиот ракометен репрезентативец и играч на Металург му го додели премиерот Никола Груевски, а наградата на Наковска-Бикова и ја врачи директорот на АМС Лазар Поповски.

Добитници на награди по категории:

1. Спортист: Наумче Мојсовски – ракомет
2. Спортистка: Оливера Наковска – Бикова – стрелаштво
3. Најдобар спортист во странство: Кирил Лазаров – ракомет
4. Најуспешна репрезентација (мажи): Ракомет
5. Најуспешна репрезентација (жени): Ракомет (сениорки)
6. Најуспешен тренер – селектор: Бранимир Јовановски – стрелаштво
7. Млада спортистка: Симона Заборска – карате
8. Награди за спортски промотори на Република Македонија добија РК Металург, фудбалерот на Марибор и македонски репрезентативец Агим Ибраими и најдобриот македонски фудбалски судија Алесандар Ставрев
9. Постхумно награди добија Славе Атанасов и Александар Атанасовски-Мац.

За најдобрите во 2012 година гласаа навинарите, националните спортски федерации, додека љубителите на спортот, својот галс го дадоа преку интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1