Падобранецот од Нов Зеланд силно удрил на земјата и неколку пати отскокнал.
Организаторите на аеромитингт во Мотуеки во Нов Зеланд, на југот од земјата, велат дека 35 годишниот падобранец, по скокот безуспешно се обидел да го отвори главниот падобран, а потоа и помошниот кој што од непознати причини недоволно го ублажил негивиот пад.
Очевидците велат дека падобранецот силно удрил во земјата и неколку пати отскокнал. Според нив вистинско чудо е тоа што се здобил само со повеќе скршеници, како и тоа што цело време бил во свесна состојба додека го возеле во болницата во Крајсчерч.
Повредениот падобранец бил професионалец со повеќе од 1000 изведени скокови.