Станува збор за грабливата пругаста жаба ловец, чие што латинско име е “Antennarius striatus”. Рибата е кратка и дебела, меѓутоа истата понекогаш може да го прошири своето тело, добивајќи нетипичен облик за една риба.
Одредени врсти се целосно камуфлирани, што им овозможува да се заштитат од непријателите, но и полесно да го намамат пленот.
Многу видови можат и да ја променат својата боја, а дел од нив се прикриени и со други организми, како што се алгите. Во согласност со својата камуфлажа, овие риби се движат бавно, го демнат пленот, а потоа неверојатно брзо го напаѓаат… Нивниот напад трае неверојатни 6 мили секунди.
Постојат само неколку траги од фосили на жабите ловци, но познато е дека тие потекнуваат од Алжир, од добата на миоценот.
Видеото кое што го направи Хосе Лачат, а кое го претставува ова животно, ја освои наградата “Prix de ‘l Insolite”, признание за невообичаено дело, на Меѓународниот фестивал на подводни слики кој се одржа во градот Антиба во Франција.