Ова веднаш морате да го направите на Фејсбук – за да не ви е после крив ѓаволот


– Запрете ја автоматската репродукција на видео
Кога ја прегледувате емисијата на вести на Фејсбук не морате да кликате на видеоснимки, бидејќи Фејсбук автоматски ги стартува бидејќи се надева дека на тој начин ќе привлече внимание. Да, но повеќето луѓе сакаат сами да избираат што да гледаат. Ако сте дел од нив, еве што може да направите. Кликнете на стрелката во оддалечениот десен агол на екранот. Потоа кликнете на копчето Settings. Треба да видите широк спектар можности. Кликнете на линкот Videos во левата колона. Оттаму, кликнете на паѓачкото мени до Auto-Play Videos и наместете на Off.

facebook-ap– Исчистете ја историјата на своите пребарувања

Фејсбук ги снима вашите пребарувања во веб-страницата и секој што добива пристап до вашиот профил може да ги види. За среќа, мрежата ви овозможува да ја избришете историјата на пребарувања. Кликнете на стрелката надолу и потоа Settings, за да се движите до страницата со поставувања. Сега кликнете на Privacy од менито лево. Потоа под Who can see my stuff? кликнете на Use Activity Log, за да се стигне до местото каде што Фејсбук ги чува информациите што ги собира за вас. Кога првпат ќе се отвори дневникот на вашите активности, опцијата Search ќе биде скриена. Треба да кликнете на опцијата More, за да ја видите. Штом ќе кликнете на Search ќе ги видите сите пребарувања што некогаш сте ги правеле. Оттаму едноставно кликнете на врската Clear Searches во горниот дел на вашиот екран и историјата на пребарувања ќе биде избришана засекогаш.

– Нагодувања за приватност

Кога ќе објавите нешто на Фејсбук, вие веројатно не сакате сите корисници да го гледаат тоа. Тогаш треба да се погрижите за поставките за приватност на веб-страницата. Затоа отидете на страницата со поставки со кликнување на стрелката и потоа кликнете на Settings. Сега кликнете на Privacy и ќе видите многу опции. Кликне на копчето Edit и ќе се отвори паѓачко мени, каде што можете да ги изберете опциите што најдобро одговараат на вашите потреби.PAKISTAN-UNREST-MEDIA-INTERNET-TALIBAN

– Несакани известувања
Вие може да изберете што да ве известува Фејсбук, така што не оставајте сѐ во рацете на социјалната мрежа. Може да ги запрете несаканите известувања одејќи во страницата за поставувања. Оттаму кликнете на Notifications лево и ќе видите список на сите можности. Почнете со изборот на тоа како да бидете предупредени и добро би било да ги исклучите сите звуци.

– Социјална реклама
Според Фејсбук, секој сака да знае што им се допаѓа на неговите пријатели. Затоа тие прават врски меѓу рекламите и пријателите и на тој начин секој лесно може да ги открие производите и услугите што го интересираат врз основа на споделување и „допаѓање“ (лајкување) на нивните пријатели. Иако сепак од Фејсбук тврдат дека не им ги продаваат нашите информации на огласувачите, тоа не е точно така, затоа е подобро да го исклучите учеството во социјалното рекламирање. За таа цел отидете на страницата на поставувања и кликнете на Ads лево. Ќе видите две опции и кликнете на Edit на секоја од нив и потоа изберете No one наместо Friends.

Нова Македонија 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1