Оваа 25-годишна девојка од Индија пати од ретка болест која и оневозможува да јаде цврста храна.
Манџу Дара доаѓа од малото место Сонипат во близина на Њу Делхи во Индија, а од раѓање живее исклучиво на течности, затоа што пати од ахалазија – ретко заболување кое оневозможува да јаде цврста храна.
Доколку се обиде да изеде некое парче цврста храна, последиците би биле тешко голтање, болка во градите, како и повраќање на проголтаната храна.
Затоа, Манџу веќе 25 години живее на течности: дневно пие околу 5 литри млеко, чај и вода.
Нејзината мајка вели дека до нејзината втора година не ни забележала дека нејзиното дете има пореметување се додека во нејзината исхрана не вовела ориз и леб, и поради тоа таа постојано плачела и била болна.
Семејството Дара има девет членови:родителите и седум деца.
Поради сиромаштијата не се во можност да си дозволат специјалист кој евентуално по хируршки пат би можел да и помогне на двојчето, но успеале да соберат пари за крава за да и обезбедат барем адекватна исхрана.