Оваа жена била изгубена на пуст остров цели 7 години: Мапите на Google го забележале нејзиниот повик за помош?!


Оваа жена била насукана и оставена на пуст остров цели 7 години, после што била спасена откако некој ги забележал нејзините повици за помош и тоа на мапите на Google. Но дали е тоа целата приказна?

Дали Google Maps навистина е заслужен за пронаоѓањето на оваа исчезната личност? Во 2007-та година Џема Шеридан и нејзините пријатели испловиле од родниот град Ливерпул, Англија, на пат до Хаваите. А потоа ги пресретнала силна бура која го оштетила бродот, оставајќи ја Шеридан сама да плови по водите на океанот.sos-630x426-300x202

А потоа наишла и втора бура којашто ја онесвестила Џема, која потоа се разбудила жива на непозната плажа. Таа била принудена да преживее од сето она што го пронаоѓала на островот – храна, засолниште, буквално сè… а потоа го испишала и повикот за помош “SOS” во надеж дека тоа ќе го забележат авионите коишто ја надлетувале секојдневно.

Вистинска приказна за преживување во дивината?

Еден ден, после долги 7 години, авион кружел над нејзиниот дел од островот. Џема едвај им поверувала на своите очи, дотрчала до плажата и пронашла пакет којшто содржел радио и сите останати потребштини. А потоа по неа дошол друг авион, сфаќајќи дека во текот на летот некое дете ја забележало “SOS” ознаката на мапите на Google. Неверојатна приказна, зарем не? Еден читател и навистина помислил дека приказната е помалку неверојатна.

Нејзиното име? Џема Шеридан! Како што се испоставило, приказната била напишана од страна на една локална веб страница. Знаете оние кои дури не се ниту сатирични, туку едноставно пишуваат нешта коишто не се вистинити? Џема потоа направила и мало истражување откривајќи дека нејзиното име навистина било искористено за измислената приказна. Како и секогаш… проверете ги своите извори!

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1