Овие предмети носат несреќа во вашиот дом – ослободете се од нив


Не секој предмет во вашиот дом може да ви биде од корист. Добро е да се направи попис на својот стан и без жал да се ослободите од оние предмети кои ги оптоваруваат енергетските текови во вашиот дом и ве гонат далеку од вас.

-Најголема штета нанесуваат старите чевли и облека, кои одамна не личат на она што биле во моментите на нивното купување. Кога чевлите ви се прегазени до неможност или се фрагментирани и десетина пати сте ги носеле на чевлар, веќе е дојдено времето да се збогувате со нив.feng shiu stan

Кога домот ви е претворен во магацин за стари алишта и стари чевли, само затоа што ви е жал да ги фрлите, домот ви привлекува негативна енергија и не треба да се изненадите ако постојано се карате со блиските.

-Скршени чаши и чинии, како и тенџерињата со скршени рачки е добро да се фрлаат, а не да се остават во кујнските елементи со години. Скршени чинии во кои се храните секој ден, ве полнат со лоша енергија. -Фотографиите на луѓето со кои сте биле пријатели, но потоа сте се скарале и не разговарате со години, исто така не е потребно да стојат во вашиот дом, бидејќи ја привлекуваат негативна енергија.

-Непотребни искршени статуетки кои собираат прашина, исто така треба да бидат фрлени, бидејќи привлекуваат лоша енергија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1