Овие знаци – доказ дека овој не ви е првиот живот на Земјата!


Стивен Банкарц тврди дека постојат неколку научни докази за постоењето на реинкарнација. Тој ги наведува знаците според кои можете да препознаете дали ова ви е првиот живот на Земјата.

Реинкарнацијата е духовно верување дека душата во моментот на физичка смрт го напушта телото и влегува во друго физичко тело, откако ќе помине кратко време во духовниот свет. Стивен Банкарц тврди дека постојат неколку научни докази за постоењето на реинкарнација, а наведува и четири знаци кои укажуваат на тоа дека ова не ви е првиот живот на Земјата, пишува higherperspective.com.dusa telo
1. Добро ги читате луѓето

Уште од млади сте биле во можност добро да ги прочитате луѓето, гледајќи нечива интеракција само неколку минути сте во можност да ги идентификувате карактеристиките на таа личност и нејзиниот начин на живот. Се чини како да имате софтвер кој ви овозможува да превземате податоци за туѓите души – тоа е така, затоа што во минатиот живот сте се запознале со такви типови на луѓе и нивното општо однесување и психологија, наведува Банкарц и додава дека вашата душа во текот на својата историја била во интеракција со илјадници луѓе и всушност не постои тип на личност на кој не налетала. Способноста на личноста добро да ги прочита другите и` овозможува, меѓу другото, да знае кога некој ја лаже.

2. Уживате во изолација

Ако уживате во време поминато сами со себе, според Банкарц, тоа е уште еден доказ дека ова не ви е првиот живот на Земјата. Како што вели тој, во изолацијата не уживате затоа што сакате да бидете осамени, туку затоа што сакате да бидете сами. Изолацијата не ја сакате затоа што сте пустиник, туку затоа што не ви треба друштво за да го потврдите сопственото чувство за сам себе, наведува Банкарц и додава дека вашата сопствена вредност доаѓа од вашиот однос со самиот себе и со вашата духовност, а не од социјалното прифаќање.

Кога сте биле пратени на овој свет за прв пат, сте биле склони кон тоа да научите да ја играте играта и да си обезбедите удобен живот. Кога сте биле на светот повеќе пати претходно, веќе знаете дека се` е игра, па повеќе не се трудите да ја играте.

3. Не се вклопувате. Едноставно не се вклопувате

Каде и да се појавите се чувствувате како таму да не ви е место, а според Банкарц, ’исправното’ однесување во јавноста за вас е присилување, додека обидот за водење на бесмислени разговори за вас е болен и не разбирате зошто луѓето функционираат на начинот на кој што функционираат. Можеби правите работи кои другите ги нарекуваат чудни, како медитација на јавно место или впивање на сончеви зраци на паркинг, објаснува Банкарц. Можеби имате повеќе ’бубачки’ од просечните луѓе, но тоа не е затоа што се обидувате да бидете поразлични, туку затоа што не знаете како да бидете ’нормални’, заклучува тој.

4. Имате еволуирана душа

Банкарц овде зборува за луѓето до кои други доаѓаат по совети иако се со години помлади од оние кои бараат совет. Таквите личности имаат повеќе разбирање и универзални погледи на животните предизвици од просечна личност, а можеби на овој свет се наоѓаат за да им помогнат и на другите да дојдат до истата состојба. Исто така, на Земјата поминале неколку животи па ја сфаќаат важноста на трпението и самодовербата.

За крај, Банкарц тврди дека постојат многу повеќе обележја на луѓето кои живееле на Земјата и претходно, но дека овие четири се најчести.

Tocka.com.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1