Паднала на тест за возачка дозвола, па се запалила


Џамкола Сапкот од Велика Британија се обидела да се самозапали затоа што веќе по четврт пат паднала на тестовите за возачка дозвола.

Кога по четврт пат паднала на тестот, по стотици долари потрошени за дополнителни часови за возење, Спакот веста ја му ја соопштила на својот сопруг, а тоа довело до жестока расправа во која мажот и рекол дека сега може само да умре ако сака.

Откако сопругот заминал триесетгодишната жена се обидела да се запали, оставајќи зад себе проштално писмо.

Комшијата од блиското соседство видел како Спакот е целата во пламен и повикал противпожарна служба. Тие се обиделе да ја извлечат жената која била во бесознание од станот со тешки повреди на лицето, грбот и рацете.

Семејството Спакот било во тешка финансиска состојба па така сознанието дека повторно паднала на тестот и повторно изгубила пари дополнително ги оптеретило.

Џамкола добила една година условно, морала да ги помине психијатриските проценки, на кој било заклучено дека сепак е психички стабилна личност, а докторите сметаат дека на грбот ќе има траен белег.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1