Папата Франциско на Велики четврток ќе им мие нозе на 12-мина млади мигранти


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско утре во Рим ќе им измие нозе на 12 млади баратели на азил по повод прославата на Велики Четврток во очи на католичкиот Велигден, со цел да го покаже значењето кое за него го има пружањето засолниште за бегалците во развиените земји, соопштено е во Ватикан.Papa Francisko(6)

Во текот на мисата на Велики четврток, папата традиционално ќе им измие нозе на 12 луѓе, во знак на сеќавање на гестот на Исус Христос, кој според Библијата им ги измил нозете на 12-те апостоли.

Последните неколку години, папата Франциско посетил две затворски установи и еден институт за хендикепирани луѓе.

Папата вовел миење на нозе на муслиманите и жените, наспроти жестокото противење на илјадници конзервативни католици.

Оваа година Ватикан плановите за прославата на Велики четврток ги држел во тајност.

– Папата ќе оди во северниот дел на Рим, во Кастелнуово ди Порто и таму ќе помине извесно време со младите баратели на азил – соопштил коррдинаторот на Јубијелот на милосрдието, Рино Дизикела и додал дека посетата на папата ќе биде проследена со традиционалниот ритуал на миење на нозете на 12-мина мигранти.

Во последните неколку месеци, поглаварот на римокатоличката црква во повеќе наврати апелирал на европските земји да ги отоворат своите граници за бегалците и да се борат против ксенофобијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1